OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 424

422 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ Г.4 Спроведување на претходни ценовни спогодби во рамките на постапката за заемно договарање Г.4.1 Влегување во сила на претходна ценовна спогодба во рамките на постапката за заемно договарање и доставување потврда до даночниот обврзник 67. Откако ќе се постигне конечна согласност околу ПЦС ПЗД, даночните органи кои учествуваат во процесот треба да ù дадат правна сила на спогодбата во рамките на сопствените јурисдикции. Даночните администрации треба да имаат потврда или согласност од соодветни даночни обврзници во однос на спогодбата склучена меѓу надлежните органи кои учествуваат во процесот. Оваа потврда или согласност на даночниот обврзник ќе му понуди сигурност дека трансакциите во делот на трансферните цени, што се опфатени со ПЦС ПЗД, нема да се приспособуваат сè додека даночниот обврзник постапува во согласност FB