OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 423

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 421 а) називи и адреси на претпријатијата што се опфатени со аранжманот; б) опфатени трансакции, договори или аранжмани, како и даночни години или сметководствени периоди; в) опис на договорената методологија и на други сродни аспекти, како на пример, договорени споредливи податоци или опсег на очекувани резултати; г) опис на релевантните услови што ја оформуваат основата за примена и за пресметување на методологијата (на пример, приход од продажба, трошок на остварена продажба, бруто-добивка итн.); д) критични претпоставки врз кои се темели методологијата, со чие кршење се покренува повторно преговарање околу договорот; ѓ) сите договорени постапки за справување со промените кај фактичките околности кои не се доволни за да наметнат потребата од повторно преговарање околу договорот; е) по потреба, договорениот даночен третман на дополнителните ставки; ж) општите и конкретните услови што даночниот обврзник мора да ги исполни за спогодбата да остане во сила, заедно со постапките со кои се гарантира дека даночниот обврзник ќе ги исполнува овие општи и конкретни услови; з) детали за обврските што даночниот обврзник ги има кон даночните администрации како резултат од домашната имплементација на ПЦС ПЗД (на пример, годишни извештаи, водење евиденција, известување за промени кај главните претпоставки итн.); и ѕ) потврда дека, со цел да се обезбеди довербата од даночните обврзници и од надлежните органи во процесот на склучување ПЦС ПЗД, во кој информациите слободно се разменуваат, сите информации што даночниот обврзник ќе ги поднесе во даден предмет околу ваква спогодба (вклучувајќи ги и информациите за идентитетот на даночниот обврзник) ќе бидат максимално заштитени од објавување, во согласност со одредбите од домашните законодавства на соодветните јурисдикции и дека сите информации што ќе ги разменуваат меѓу себе надлежните органи вклучени во дадениот предмет, ќе бидат заштитени во согласност со релевантниот билатерален договорот за избегнување на двојното одданочување и со важечките одредби од домашното законодавство. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ