OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 422

420 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ да достави дополнителни прикази бидејќи на даночните администрации ќе им треба време да ги анализираат овие податоци, а со тоа ќе се одложи донесувањето на конечната одлука околу предлогот за склучување ПЦС ПЗД. Вакви информации ќе треба да се стават на увид пред почетокот на разговорите. Г.3.3 Повлекување од процесот на склучување претходна ценовна спогодба 64. Даночниот обврзник или даночната администрација може во кој било момент да се повлечат од процесот на склучување ПЦС ПЗД. Но, не се советува повлекување од процесот доколку за тоа нема издржана причина, особено во подоцнежна фаза, бидејќи таквото постапување ќе доведе до непотребно трошење на ресурси. Кога се повлекува барањето за склучување ПЦС ПЗД, ниту даночниот обврзник ниту даночните администрации, не треба да имаат какви било обврски едни кон други, при што сите претходни обврзувања и договарања меѓу страните повеќе нема да имаат правна сила, освен доколку домашното законодавство не налага поинаку (на пример, да не се рефундира надоместот што го плаќа корисникот за ПЦС). Доколку даночната администрација посака да се повлече, даночниот обврзник треба да биде информиран за причините за ваквото постапување и да му биде дадена можност за доставување дополнителни прикази. Г.3.4 Документот на заемниот договор 65. Откако надлежните органи ќе се согласат околу методологијата и околу другите општи и конкретни услови, тие треба да изготват нацртверзија на спогодбата. Но, и покрај вложените напори на надлежните органи, предложената спогодба може да не го елиминира целосно двојното оданочување. Затоа, на даночниот обврзник треба да му се даде можност да изјави дали оваа нацрт-верзија на ПЦС ПЗД е прифатлива, пред истата да се финализира. Спогодбата не треба да се наметнува однапред, без согласност од даночниот обврзник. 66. ПЦС ПЗД претставува пишан документ, а одлука за неговата содржина, формат и слично ќе донесат надлежните органи кои учествуваат во процесот. Со цел спогодбата да претставува јасен документ за меѓусебното договарање и да се овозможи нејзина ефикасна реализација, спогодбата треба да ги содржи сл B