OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 419

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 417 соодветни според околностите и да ја спроведат постапката за заемно договарање. Во овие чекори, меѓу другите, спаѓаат и: упатување барања за дополнителни информации што се сметаат за релевантни за анализирање и за оценување на предлогот, спроведување теренски активности (на пример, посета на работните простории на даночниот обврзник, разговори со неговите вработени, анализа на финансиските или на раководните активности итн.) и ангажирање на потребните експерти. Даночните администрации можат да користат и информации обезбедени од други извори, вклучувајќи и информации во врска со споредливи даночни обврзници. 56. Целта во оваа фаза од процесот на склучување ПЦС ПЗД е надлежните органи кои учествуваат во процесот да ги поседуваат сите релевантни информации, податоци и анализи што им се потребни за преговорите. Кога даночната администрација ќе дојде до дополнителни информации од даночниот обврзник што се релевантни за предметот на ПЦС ПЗД, даночниот обврзник и даночната администрација треба да се погрижат тие информации да се проследат и до другата односно другите даночни администрации што учествуваат во процесот. Релевантните надлежни органи ќе треба да воспостават, меѓусебно и со даночните обврзници, соодветен механизам со кој ќе се потврди целосноста и деталноста на документите и на информациите што ги доставува даночниот обврзник. Треба да се почитуваат барањата односно условите на надлежните органи кои учествуваат во процесот. На пример, бројни јурисдикции го поставуваат барањето, не само фактички информациите да се достават до сите надлежни органи кои учествуваат во процесот туку, доколку е тоа практично изводливо, таквите информации да се проследат истовремено. 57. Заради фактот што со ПЦС ПЗД се опфаќаат идни настани, честопати даночниот обврзник треба да достави комерцијални информации што се однесуваат на прогнози, при што овие информации се почувствителни во однос на објавувањето одошто информациите што се доставуваат по конкретниот настан. Заради тоа, а со цел даночните обврзници да имаат доверба во процесот на склучување ПЦС ПЗД, даночните администрации треба да гарантираат дека информациите од даночниот обврзник што се доставуваат во текот на конкретниот процес, ќе подлежат на истите заштитни мерки во однос на тајноста, доверливоста и на приватноста кои произлегуваат од релевантните домашни законски одредби, како и сите други информации поврзани со даночниот обврзник. Кога надлежните органи меѓусебно разменуваат информации во согласност со условите од договорот за избегнување на двојното одданочување, тие информации можат да се објават само во согласност со конкретно утврдените услови од договорот, при што секоја ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ