OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 417

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 415 опишува во параграф 46. Други страни можеби ќе стават поголем акцент врз сигурноста на третманот одошто врз избегнувањето неочекувани резултати, па така можеби ќе се договорат дека ПЦС ПЗД треба да содржи механизам за приспособување на резултатите така што истите да влезат во рамките на опсегот што однапред ќе се договори. В.3.8 Времетраење на претходните ценовни спогодби во рамките на постапката за заемно договарање 51. Според својата природа, ПЦС важи за трансакциите кои ќе се спроведат во иднина, така што едно од прашањата за кои треба да се донесе одлука е колку ќе биде нејзината важност. Постојат две меѓусебно спротивставени цели кои влијаат врз преговорите околу прифатливото времетраење. Од една страна, пожелно е да се има доволно долг период за да може да се дозволи одредено ниво на сигурност на третманот. Инаку, можеби нема воопшто да вреди да се вложи првичниот напор за решавање на потенцијалните проблеми во делот на трансферните цени однапред, наспроти решавањето проблеми дури откако тие ќе настанат во рамките на вообичаените постапки на вршење контрола на даночните пријави. Од друга страна, долгиот период на валидност придонесува предвидувањата во врска со идните состојби, врз кои се темелат преговорите во рамките на постапката за заемно договарање, да се помалку прецизни, а тоа создава сомнеж во однос на сигурноста на предлозите за ПЦС ПЗД. Оптималната рамнотежа меѓу овие два вида цели зависи од неколку фактори, како на пример од конкретната гранка, од трансакциите што се предмет на договорот и од економската клима. Затоа, периодот на валидност треба да биде предмет на преговори меѓу надлежните органи за секој случај одделно. Досегашните искуства покажале дека, во просек, една ПЦС ПЗД има период на валидност од 3 до 5 години. Г. Финализирање на претходните ценовни спогодби во