OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 416

414 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ В.3.7 Неочекувани резултати 47. Проблем може да настане кога резултатите од примената на методологијата за утврдување трансферни цени, договорена во ПЦС ПЗД, не ги исполнуваат очекувањата на една од страните, бидејќи таа страна може да го постави прашањето дали сè уште се валидни најважните претпоставки, како и методологијата чија поткрепа претставуваат тие. За решавање на ваквите прашања може да биде потребно значително време и значителен напор, со што се негира една од целите на целокупниот процес. Едно од можните решенија за овој проблем е предлогот да биде доволно флексибилен за да може да се опфатат веројатните промени кај фактите и кај околностите, така што ќе се намали веројатноста од појава на неочекувани резултати и со тоа ќе биде помал ризикот да мора повторно да се преговара околу ПЦС ПЗД што се темели врз предлогот. Се разбира, предлогот и натаму мора да остане во согласност со принципот „дофат на рака“. 48. Еден од начините за постигнување на претходно наведената цел е да се осмисли методологија што соодветно ќе ги земе предвид веројатните промени кај фактите и кај околностите; на пример, извесно варирање меѓу проектираниот и фактичкиот обем на продажба може да се вгради во методологијата за утврдување на цените уште на самиот почеток, така што ќе се вклучат клаузули за идни ценовни