OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 413

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 411 со неконтролирани трансакции и како овие податоци биле прифатени или отфрлени како податоци кои се споредливи. Даночниот обврзник треба да вклучи и презентација на споредливите трансакции заедно со приспособувањата со кои се одразуваат суштински разлики, доколку ги има, меѓу контролираните и неконтролираните трансакции. Во случаи кога не можат да се идентификуваат споредливи цени односно трансакции, даночниот обврзник треба да докаже, рз основа на релевантни пазарни и финансиски податоци (вклучувајќи ги тука и интерните податоци на даночниот обврзник), на кој начин избраната методологија прецизно го одразува принципот „дофат на рака“. В.3.5 Методологија 41. Предлогот за ПЦС ПЗД треба да понуди целосен опис на избраната методологија. Во случаи каде што станува збор и за поврзани претпријатија, избраната методологија исто така треба да ги следи упатствата содржани во „Насоките“ во врска со примената на принципот „дофат на рака“ од член 9 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД. Во параграф 2.10 од „Насоките“ се вели дека „треба да се дозволи секој метод за чија примена се имаат согласено и договорено членките на ГМНП кои се вклучени во трансакцијата или во трансакциите за кои се однесува методологијата, но и даночните администрации од јурисдикциите на сите тие членки“. Ова упатство во врска со примената на методите на трансферни цени е особено релевантно во контекст на ПЦС ПЗД поради можноста однапред да се постигне договор околу тоа кој метод ќе се користи. Примената на методологијата треба да биде поткрепена со податоци до кои може да се дојде и кои можат да се ажурираат во периодот на валидност на ПЦС ПЗД, без притоа да се наметнува преголем товар врз даночниот обврзник, а во исто време даночните администрации ефикасно да можат да ги разгледаат и да ги потврдат како вистинити. 42. Даночниот обврзник треба да обезбеди анализа за ефектот од приме­ ата на избраната методологија во текот на предложеното н времетраење на спогодбата, колку што е тоа возможно. Оваа анализа ќе мора да се темели врз проекции за резултатите, па затоа ќе бидат потребни детали за претпоставките врз основа на кои биле изведени овие проекции. Од полза може да биде и да се илустрира ефектот од примената на методологијата од ПЦС врз периодите непосредно пред периодот на валидност на спогодбата. Полезноста на оваа анализа, дури и како илустрација, ќе зависи од тоа дали фактите и околностите на конкретните трансакции се споредливи со фактите и со околностите што се однесуваат на идните трансакции за кои се размислува во предлогот. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФ BWB