OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 412

410 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ в) Друга земја односно други земји од кои е побарано да учествуваат; г) Информации во врска со меѓународната организациона структура, историјат, податоци од финансиски извештаи, производи, функции и имот (материјален и нематеријален) на сите вклучени поврзани претпријатија; д) Опис на предложената методологија за примена на трансферните цени и детали за информациите и за анализите како поткрепа на таа методологија, како на пример, идентификување на споредливите цени или маржи и очекуван опсег на резултати итн.; ѓ) Претпоставки што се наоѓаат во основата на предлогот и дискусија околу ефектот од промените кај овие претпоставки или кај други настани, како на пример, неочекувани резултати, што би можеле да влијаат врз континуираната валидност на самиот предлог; е) Сметководствени периоди или даночни години што треба да се опфатат; ж) Општ опис на состојбите на пазарот (на пример, трендови во конкретната индустрија и конкурентско опкружување); з) Дискусија за сите значајни поврзани даночни прашања што ги покренува предложената методологија: ѕ) Дискусија и доказ за постапувањето во согласност со сите соодветни одредби од домашното законодавство, со одредбите од договорите за избегнување на двојното одданочување и со насоките на ОЕЦД кои се однесуваат на предлогот; и и) Сите други информации што можат да имаат извесно влијание врз актуе B