OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 41

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 39 меѓу поврзаните претпријатија. Принципот „дофат на рака“ е одржлив во теорија бидејќи овозможува најблиско можно приближување кон движењата на слободниот пазар во случаи каде што се врши пренос на имот (како имот, други видови материјален или нематеријален имот) или каде што се обезбедуваат услуги меѓу поврзаните претпријатија. Иако овој принцип можеби не е секогаш лесно применлив во практиката, тој сепак генерално создава соодветни нивоа на приходи меѓу членките на ГМНП што се прифатливи за даночните администрации. Ова ја одразува економската реалност на конкретните факти и околности на даночниот обврзник - контролирано претпријатие, и како основа за споредба го зема вообичаеното функционирање на пазарот. 1.15 Отстапувањето од принципот „дофат на рака“ би значело напуштање на цврстата теоретска основа опишана во претходниот текст и закана за консензусот во меѓународни рамки, со што значително би се зголемил ризикот од двојно оданочување. Искуствата од примената на принципот „дофат на рака“ досега станаа доволно широки и софистицирани за да може да се оформи солидна основа за разбирање меѓу деловната заедница и даночните администрации.