OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 409

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 407 понуди упатства во однос на содржината на предлогот, како и во однос на временската рамка за оценување и за склучување на договорот во рамките на постапката за заемно договарање. Даночните администрации треба да објавуваат општи насоки во врска со процесот на склучување ПЦС ПЗД, во согласност со препораките за другите видови спогодби содржани во параграф 4.60 до 4.61 од овие „Насоки.“ 32. Процесот на одржување прелиминарни средби може биде анонимен или јавно објавен, зависно од домашните обичаи и практика. Но, доколку процесот се одвива анонимно, ќе биде потребно да се обезбедат доволно информации за работењето за да може да се одвива дискусијата. Формата на сите средби треба да биде предмет на договор меѓу страните, при што прелиминарната средба може да претставува неформална дискусија, но може да се организира и формална презентација. Најчесто е во интерес на даночниот обврзник да достави меморандум до даночната администрација каде што ќе бидат наведени темите за дискусија. Можно е да бидат побарани и повеќе прелиминарни средби, а не само една, за да се постигне целта на одржување неформални разговори за да се оцени соодветност на барањето за ПЦС ПЗД, нејзиниот веројатен опфат, соодветноста на методологијата или видот и обемот на информациите што треба да ги обезбеди даночниот обврзник. 33. Покрај неформалните дискусии со даночниот обврзник, за соодветните надлежни органи може да биде полезно размената на ставови за соодветноста на ПЦС да се изврши навремено. Со ова би се избегнале непотребни работни активности доколку нема веројатност дека некој од надлежните органи ќе учествува во постапката. Овие дискусии можат да бидат од неформална природа и не налагаат нужно организирање на формална непосредна средба. Размената на ставови може да се организира во текот на редовните средби и преговори меѓу надлежните органи. В.3 Предлози за претходни ценовни спогодби во рамките на постапките за заемно договарање В.3.1 Вовед 34. Доколку даночниот обврзник сака да поднесе барање за ПЦС ПЗД, до релевантната даночна администрација треба да поднесе детален предлог, во согласност со сите процедурални услови од домашното законодавство, како на пример условот барањето да се поднесе до одреден посебно назначен сектор во домашната даночна администрација. Намената на предлогот доставен од даночниот обврзник е да им овозможи +B