OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 408

406 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ на информации што ќе им овозможат на даночните администрации да спроведат преговори во контекст на постапката за заемно договарање. Затоа, даночниот обврзник треба до релевантната даночна администрација да поднесе детален предлог за постапката што таа ќе го разгледува и да биде на располагање за да достави и дополнителни информации доколку тоа од него го побара конкретната даночна администрација. В.2 Прелиминарни дискусии 29. Една од особеностите кај бројни домашни процедури за остварување унилатерална ПЦС, е можноста да се организира прелиминарна средба (или средби) пред да се поднесе формалното барање. Ваква средба (односно средби) на даночниот обврзник му дава можност да дискутира со даночната администрација околу соодветноста на конкретна ПЦС, за видот и за обемот на информации што евентуално ќе бидат потребни и за опфатот на сите анализи што се потребни за успешно завршување на постапката за ПЦС. (На пример, степенот на секоја функционална анализа на поврзаните претпријатија; идентификувањето, изборот и приспособување на споредливите трансакции; и потребата од анализата на пазарот, на конкретната гранка и на географската анализа како и опфатот на конкретните анализи.). Процесот му овозможува на даночниот обврзник да дискутира доколку кај него постои загриженост во однос на објавувањето и на доверливоста на податоците, периодот на валидност на ПЦС и слично. Искуствата генерално покажуваат дека можноста да се организираат вакви прелиминарни дискусии ја забрзува обработката на поднесување на формалното барање што потоа следува, за склучување ПЦС ПЗД. 30. Во контекст на конкретна ПЦС