OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 405

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 403 д) Дали веќе се одвива контрола на трансферните цени во однос на претходните години кога моделот на факти бил значително сличен? Доколку одговорот е потврден, резултатите од контролата можат да се забрзаат и подобрат низ учеството во ПЦС ПЗД, чии услови потоа би можеле да се применат како извор на информации или начин за постигнување на решение при контролата и за какво било нерешено заемно договарање од претходните години. Б.3 Мултилатерални претходни ценовни спогодби во рамките на постапките за заемно договарање 21. Со цел да се постигне сигурност, даночните обврзници се повеќе фокусирани на мултилатерални ПЦС ПЗД со кои ќе бидат опфатени глобалните сегменти од нивното деловно работење. Даночниот обврзник се обраќа до секоја од засегнатите јурисдикции одделно со општ предлог за покренување на преговори врз мултилатерална основа во кои ќе бидат вклучени сите засегнати јурисдикции, место да се спроведе серија одделни преговори со секоја даночна администрација одделно. Треба да се нагласи дека не постои мултилатерален метод кој може да се примени за која било спогодба, освен преку склучување на одделни билатерални ПЦС ПЗД. Успешните преговори околу серија билатерални ПЦС ПЗД на овој начин би обезбедиле поголема сигурност и пониски трошоци за ГМНП одошто кога, билатерално би се склучиле повеќе ПЦС ПЗД. 22. Иако организирањето на мултилатерални ПЦС ПЗД потенцијално овозможува остварување на поволности, сепак треба да се имаат предвид неколку значајни прашања. Прво, мала е веројатноста дека ќе биде соодветно во делот на трансферните цени да се применува само една методологија во контекст на најразлични факти и околности, на различни трансакции и на различни земји кои веројатно се предмет на мултилатерална ПЦС ПЗД, освен ако методологијата не може соодветно да се приспособи за да ги одрази конкретните факти и околности на кои се наидува во секоја земја одделно. Затоа, сите јурисдикции кои учествуваат во постапката треба да внимаваат методологијата, дури и по вакво приспособување, да претставува соодветна примена на принципот „дофат на рака“ во условите што постојат во нивните земји. 23. Второ, значајни прашања настануваат бидејќи во една мулти­ латерална ПЦС ПЗД, неколку надлежни органи фактички се вклучени во процес кој бил осмислен во билатерален контекст. Едно од значајните прашања е степенот до можеби ќе биде неопходно да се разменуваат информации меѓу сите засегнати јурисдикции. Ова би можело да биде проблематично во случаите каде што нема тековни трансакциски ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ