OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 404

402 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ ПЗД е предмет на дискреционото овластување на засегнатите надежни органи (во согласност со домашните законски прописи и политики на секоја јурисдикција одделно). На пример, можно е еден надлежен орган да одбие да почне разговори доколку утврди дека некое такво ограничување во однос на позицијата на другиот надлежен орган значително ја намалува веројатноста дека ќе настане заемно договарање. Меѓутоа, во бројни случаи, разговорите околу склучувањето ПЦС ПЗД се сметаат за пожелни, и покрај фактот дека е ограничена флексибилноста на еден или на обата надлежни органи. Ова го утврдуваат надлежните органи, за секој случај одделно. 20. Кога се определува дали е соодветно да се склучи ПЦС ПЗД, еден од клучните аспекти е предноста што ќе се оствари преку договарање околу даден метод со кој однапред ќе се избегне ризикот од двојно оданочување. Ова бара донесување на одлука, како и балансирање со ефикасното искористување на ограничените ресурси, како финансиски така и човечки, но истовремено е потребна и желбата да се намали веројатноста од двојно оданочување. Даночната администрација може да ги земе предвид како релевантни следниве аспекти: a) Дали методологијата и другите општи и конкретни услови од предлогот ги следат упатствата содржани во „Насоките“? Ако одговорот е одречен, пожелно е од даночниот обврзник да се побара соодветно да го ревидира својот предлог за оваа постапка, а со цел да ги зголеми шансите да се оствари заемно договарање. Како што е предвидено во параграф 17 од воведот кон „Насоките“, „целта на овие Насоки е и првенствено да се регулира решавањето случаи со трансферни цени во рамките на постапките врз основа на заемно договарање“. б) Постојат ли какви било „потешкотии или сомневања во однос на толкувањето или на примената на Конвенцијата“ за кои постои веројатност дека значително ќе го зголемат ризикот од двојно оданочување и на тој начин ќе го оправдаат користењето ресурси за решавање на кои било проблеми пред спроведувањето на предложените трансакции? в) Дали трансакциите опфатени со предлогот се од конт B