OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 403

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 401 применуваат не толку рестриктивен праг за склучување ПЦС ПЗД, а врз основа на нивниот став дека целиот овој процес треба да се поттикнува. Освен тоа, даночниот обврзник мора да ги исполнува условите за да може да ги користи поволностите од еден договор (на пример, со исполнување на условите за резидентност во една од договорните земји) како и други критериуми содржани во членот што се однесува на постапката за заемно договарање. Б.2 Други фактори 17. Фактот што даночниот обврзник во даден момент е предмет на даночна контрола, не треба да претставува пречка за тој да побара ПЦС ПЗД, а во однос на своите идни трансакции. Контролата и постапката за заемно договарање се меѓусебно одвоени процеси и обично со нив може да се постапува одвоено едни од други. Даночната администрација обично не ги суспендира активностите на вршење даночна контрола додека ја разгледува можноста од склучување ПЦС ПЗД, освен доколку сите страни не се согласат дека контролата треба привремено да се стопира, бидејќи остварувањето ПЦС во постапка за заемно договарање ќе помогне подобро да се заврши целата постапка на контрола. Сепак, како извор на информации за третманот на трансакциите што се предмет на контрола, може да послужи методологијата за која се договара дека ќе се применува во иднина за ПЦС ПЗД, но под услов фактите и околностите на трансакцијата што се предмет на контрола да се споредливи со фактите и со околност B