OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 402

400 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ се раководат според постапката за заемно договарање во рамките на важечкиот договор за избегнување на двојното оданочување и според член 25 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД, а со нив се управува врз основа на дискреционите овластувања на релевантните даночни управи. 14. Во некои случаи, даночниот обврзник бара само унилатерална ПЦС. Причините поради кои даночниот обврзник не бара ПЦС ПЗД, треба да бидат предмет на истражување. Врз основа на упатството што „Насоките“ го даваат во параграф 4.162 - дека „секаде каде што тоа е можно, ПЦС треба да се склучува врз билатерална или врз мултилатерална основа“, даночните органи треба да го поттикнуваат даночниот обврзник да побара ПЦС ПЗД, секаде каде што тоа го дозволуваат околностите. Можно е некои земји, доколку утврдат дека треба да биде вклучена уште некоја даночна админист