OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 401

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 399 на сигурноста и прецизноста или каде што конкретните околности на прашањата во делот на трансферните цени што се разгледуваат се невообичаено комплексни. 11. Една од најважните цели на процесот на ПЦС ПЗД е елиминирањето на можноста од двојно оданочување. Унилатералните ПЦС оставаат простор за загриженост во таа смисла, поради што „повеќето земји претпочитаат билатерални или мултилатерални ПЦС“ (параграф 4.130 од „Насоките“). Меѓутоа, некој вид потврда или спогодба меѓу даночниот обврзник и даночната администрација се неопходни за да им се даде правен ефект на ПЦС ПЗД, во секоја од јурисдикциите што учествуваат во самиот процес. Точната форма на таквата потврда или спогодба зависи од домашните процедури во секоја јурисдикција одделно (предмет на подетална дискусија во параграф 65 до 66 од овој анекс). Со ваква потврда или спогодба се обезбедува и механизам низ кој се гарантира дека даночниот обврзник постапува во согласност со општите и со конкретните услови од ПЦС ПЗД, а врз што се темели таа потврда или спогодба. 12. Со цел да се исполнат целите наведени во овој дел од текстот, процесот на изготвување и примена на ПЦС ПЗД мора да се спроведува на неутрален начин. Поконкретно, самиот процес мора да биде неутрален во однос на резидентниот статус на даночниот обврзник, јурисдикцијата во која било покренато барањето за целиот процес, статусот на даночниот обврзник, даночна инспекција и, воопшто, во однос на изборот на даночни обврзници за даночна инспекција. Предвид треба да се имаат и упатствата од параграф 4.156 од „Насоките“ во однос на можната погрешна примена од страна на даночните администрации на информациите до кои е дојдено во процесот на ПЦС во поглед на нивната практика за вршење на инспекција. Упатствата содржани во овој анекс имаат за цел да помогнат при остварувањето на целите опишани во овој дел од текстот. Б. Исполнување на критериумите за претходни ценовни спогодби во рамките на постапката за заемно договарање Б.1 Значајни прашања поврзани со договорите за избегнување на двојното оданочување 13. Прво прашање што се поставува е дали постои можност од склучување ПЦС. Дали даночниот обврзник ги исполнува критериумите да аплицира за унилатерална ПЦС, се утврдува врз основа на конкретните домашни барања на релевантната даночна администрација. ПЦС ПЗД ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ