OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 398

396 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ доследност во практиката меѓу земјите што ќе одлучат да ги применуваат овие спогодби“. 2. Овој анекс се надоврзува на претходно наведените препораки. Целта е да се подобри доследноста во примената на ПЦС така што на даночните администрации ќе им се дадат насоки за тоа како да спроведуваат постапки за заемно договарање чиј дел се и ПЦС. Иако во фокусот на анексот е улогата на даночните администрации, се користи можноста да се дискутира и околу тоа на кој начин даночниот обврзник може најдобро да придонесе кон целиот процес. Овие упатства се наменети за оние земји - кои се членки на ОЕЦД, но и кои не се земји-членки на ОЕЦД - а кои сакаат да применуваат ПЦС. А.2 Дефиниција за ПЦС 3. Бројни јурисдикции веќе извесно време имаат постапки (на пример, обврзувачка согласност) што на даночниот обврзник му овозможуваат да се стекне со извесен степен на сигурност во однос на тоа на кој начин законот ќе се применува во дадени конкретни околности. Правните последици од предложеното дејствување однапред се определуваат, врз основа на претпоставките за фактичката основа. Валидноста зависи од тоа дали претпоставките се поткрепени со факти во моментот кога се случуваат фактичките трансакции. Поимот „претходна ценовна спогодба“ се однесува на процедурален аранжман меѓу даночниот обврзник односно даночните обврзници и даночната администрација, чија цел е однапред да се решаваат можните спорови во делот на примената на трансферни цени. ПЦС се разликува од класичната процедура на издавање на мислење од