OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 397

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 395 Анекс кон Поглавје IV Насоки за спроведување претходни ценовни спогодби во рамките на постапката за заемно договарање (ПЦС ПЗД) А. Контекст A.1 Вовед 1. ПЦС се предмет на сеопфатна дискусија во Насоките за примена на трансферни цени за мултинационалните претпријатија и за даночните администрации, во Поглавје IV, Оддел Ѓ. Изготвувањето работни спогодби меѓу надлежните органи се анализира во параграф 4.164: Меѓу земјите што користат ПЦС, поголемата унифицираност кај практиките на примена на ПЦС може да биде од полза, како за даночните администрации, така и за даночните обврзници. Поради тоа, даночните администрации на тие земји можеби ќе сакаат да ја разгледаат можноста од склучување работни спогодби со надлежните органи за спроведување на ПЦС. Во овие спогодби можат да се утврдат општи насоки и концепти за остварување заемни договори во случај даночниот обврзник да побарал ПЦС чиј дел се и аспекти од доменот на трансферните цени. Треба да се нагласи дека користењето на поимот „спогодба“ во претходниот цитат нема за цел на таквите процедурални аранжмани да им даде каков било статус над нивото на статусот што им го дава членот во врска со заемните договори од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД. Освен тоа, од Комитетот за фискални прашања во параграф 4.160 од „Насоките“ изјавија дека имаат за цел „внимателен мониторинг на каква било проширена примена на ПЦС со цел да се промовира поголема ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ