OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 392

390 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ III: ПРИМЕР ЗА ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА РАБОТЕН КАПИТАЛ нето-маржа. Во практиката, на нив обично се наидува при примената на методот на трансакциска нето-маржа, иако можат да се применат и во рамките на методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка и на методот на трговски цени. Приспособувањата во делот на работниот капитал треба да се разгледуваат како опција само кога со нив ќе се подобри веродостојноста на споредливите податоци и кога можат да се направат разумно прецизни приспособувања. Вакви приспособувања не треба автоматски да се спроведуваат, а даночните администрации не треба автоматски да ги прифаќаат. Зошто да се спроведе приспособување на работен капитал? 2. Во едно конкурентско опкружување, паричните средства имаат одредена временска вредност. Ако едно претпријатие даде рок за плаќање на обврските од 60 дена, цената на производите треба да е еднаква со цената за плаќање во моментот на договарањето зголемена за камата пресметана на таа цена за 60 дена. Со одржувањето на високо ниво на салдото на побарувањата, претпријатието на своите купувачи им овозможува релативно долг рок за плаќање на нивните обврски. Претпријатието би морало да позајми парични средства за да го финансира одложеното плаќање и/или да претрпи намалување во износот на готовинските средства што инаку би биле на располагање за инвестирање. Затоа, во едно конкурентско опкружување, во цената треба да биде вклучен и елемент што ќе ги одрази условите на плаќање и што ќе компензира за временскиот ефект. 3. Спротивното важи за повисоки нивоа на обврски кон добавувачи. Високите салда на обврски кон добавувачи значат дека претпријатието има корист од релативно долгиот рок за плаќање кон своите добавувачи. Претпријатието ќе треба да позајми помалку парични средства за да ги финансира своите набавки и/или би имало корист од одредено зголемување на износот на готовинските средства што се расположливи за инвестирање. Во едно конкурентско опкружување, трошокот на продадени производи треба да содржи елемент што ќе ги одрази условите за плаќање и ќе компензира за временскиот ефект. 4. Слично на тоа, претпријатието со високо ниво на залихи ќе треба да подигне заем за да ја финансира набавката или да го намали износот на готовинските средства што е во состојба да го инвестира. Да забележиме дека е можно каматната стапка да се најде под влијание од структурата на финансирање (на пример, кога набавката на залихи делумно се финансира од сопствен капитал на претпријатието) или од ризикот што се поврзува со држењето одредени видови залихи. 5. Кога се врши приспособување на работниот капитал, се прави обид приспособувањето да ги одрази разликите на временската вредност ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ