OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 391

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ III: ПРИМЕР ЗА ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА РАБОТЕН КАПИТАЛ – 389 Анекс кон Поглавје III Пример за приспособување на работен капитал Да се погледне Поглавје III, Оддел A.6 од овие „Насоки“ за општи упатства во однос на приспособувањата заради остварување споредливост. Претпоставките во врска со аранжманите согласно принципот „дофат на рака“ во примерите од натамошниот текст се наменети само за илустрација и истите не треба да се сфаќаат како нешта кои пропишуваат приспособувања и аранжмани „дофат на рака“ во фактички случаи во конкретни гранки. Иако настојуваат да ги демонстрираат принципите содржани во одредени оддели од текстот на „Насоките“ на кои се однесуваат, тие принципи мора во секој случај одделно да се применуваат во согласност со неговите конкретни факти и околности. Примерот служи само за илустрација бидејќи претставува еден начин, што не значи и единствен, на кој може да се пресмета едно приспособување од ваков тип. Забелешките од натамошниот текст се однесуваат на примената на методот на трансакциска нето-маржа во ситуациите каде што, со оглед на конкретните факти и околности, а особено имајќи ги предвид анализата на споредливоста (но и функционалната анализа), како и прегледот на достапните информации во врска со неконтролирани споредливи трансакции, се заклучува дека тој метод е најсоодветниот метод што треба да се примени. Вовед 1. Овој едноставен пример покажува на кој начин да се изврши приспособување за да се рефлектираат согледаните разлики во нивоата на работ