OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 388

386 – АНЕКС III КОН ПОГЛАВЈЕ II: ПРИМЕНА НА МЕТОДОТ НА ПОДЕЛБА НА ТРАНСАКЦИСКА ДОБИВКА Комбинирана оперативна добивка пред општи/режиски трошоци 94 Веќе распределена добивка (првичен поврат за производствени трансакции) 23 Резидуална добивка пред општи/режиски трошоци што треба да се подели сразмерно со трошокот на претпријатијата А и Б за нематеријално средство 71 Резидуална добивка распределена до претпријатието А: 71 * 30/70 30,43 Резидуална добивка распределена до претпријатието Б: 71 * 40/70 40,57 Вкупна добивка распределена до претпријатието А: 6 (првичен поврат) + 30,43 (резидуал) – 3 (општи трошоци) 33,43 Вкупна добивка распределена до претпријатието Б: 17 (првичен поврат) + 40,57 (резидуал) – 6 (општи трошоци) 51,57 Вкупно 85 5. Како што може да се види од претходниот пример, исклучувањето на конкретни ставки од утврдувањето на комбинираната добивка што треба да се подели, имплицира дека секоја страна одделно останува одговорна за сопствените трошоци во однос на таа добивка. Поради тоа, одлуката за тоа дали да се изземат одредени конкретни ставки или не, мора да биде конзистентна со анализата на споредливоста (како и со функционалната анализа) на трансакцијата. 6. Како друг пример, во некои случаи е соодветно да се издвои одредена категорија трошоци до степен до кој основата за алокација што се користи при анализата на поделбата на резидуална добивка се потпира врз тие трошоци. На пример, кога се заклучува дека соодветните трошоци што придонесуваат кон развојот на одредено нематеријално средство се најсоодветниот фактор при поделбата на добивката, резидуалната добивка може да се темели врз оперативната добивка пред тој реализиран трошок. По утврдувањето на поделбата на резидуалната добивка, секое поврзано претпријатие потоа го одзема сопствениот трошок. Ова може да се илустрира на следниов начин: да претпоставиме дека фактите се исти како и во примерот од параграф 2 од претходниот текст и дека општите трошоци не се изземени од утврдувањето на резидуалната добивка што треба да се подели. 7. Прв чекор: утврдување на основниот поврат за производствените активности (во овој пример, трошок на продадени производи + 10%) Исто како во параграф 3. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ