OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 386

384 – АНЕКС III КОН ПОГЛАВЈЕ II: ПРИМЕНА НА МЕТОДОТ НА ПОДЕЛБА НА ТРАНСАКЦИСКА ДОБИВКА конкретно средство е таква што вредноста на придонесот во средството што се припишува на претпријатието А и на претпријатието Б во текот на конкретната година, е пропорционална со соодветните трошоци на обете претпријатија за тоа средство во конкретна година. (Треба да се забележи дека оваа претпоставка не секогаш е вистинита во практиката. Причина е фактот што е можно да се јават ситуации каде што соодветните вредности на придонесите во средството што се припишуваат на секоја страна одделно се темелат врз акумулираните трошоци од претходната година, како и во тековната година.). Да претпоставиме дека претпријатијата А и Б вршат ексклузивна продажба на производите до трети страни. Да претпоставиме дека се утврдува оти најсоодветен метод за примена е методот на поделба на резидуална добивка, дека производствените дејности на претпријатијата А и Б претставуваат едноставни трансакции што не се уникатни и на кои треба да им се распредели првичен поврат од 10% од трошокот за продадени производи, и дека резидуалната добивка треба да се дели сразмерно со трошоците на претпријатијата А и Б за нематеријалното средство. Бројките во натамошниот текст се наведени само заради илустрација: Претпријатие А Претпријатие Б Комбинирано, претпријатие А + претпријатие Б Приход од продажба 100 300 400 Трошоци на продадени производи 60 170 230 Бруто-добивка 40 130 170 Општи (режиски) трошоци 3 6 9 Други оперативни трошоци 2 4 6 Трошок за нематеријално средство 30 40 70 Оперативна добивка 5 80 85 3. Прв чекор: утврдување на првичниот поврат за производствените трансакции кои не се уникатни (во овој пример, трошок за продадени производи + 10%) Претпријатие 60 + (60 * 10 %) = 66 А → Првичен поврат за производствени трансакции на претпријатието А = 6 Претпријатие 170 + (170 * 10 %) = 187 → Првичен поврат за производствени трансакции на Б претпријатието Б = 17 Вкупна добивка распределена низ првичен поврат (6+17) = 23 ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ