OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 385

АНЕКС III КОН ПОГЛАВЈЕ II: ПРИМЕНА НА МЕТОДОТ НА ПОДЕЛБА НА ТРАНСАКЦИСКА ДОБИВКА – 383 Анекс III кон Поглавје II Илустрација за различно мерење на остварената добивка при примена на методот на поделба на трансакциска добивка Да се погледне Поглавје II, Дел III, Оддел В од овие „Насоки“ за општи насоки во врска со примената на методот на поделба на трансакциска добивка. Претпоставките во врска со аранжманите согласно принципот „дофат на рака“ во примерите од натамошниот текст се наменети само за илустрација; истите не треба да се сфатат како нешта со кои се пропишуваат приспособувања и аранжмани „дофат на рака“ во фактички случаи во конкретни гранки. Иако со нив се настојува да се демонстрираат принципите од деловите од текстот на „Насоките“ на кои се однесуваат, тие принципи мора да се применуваат во секој случај одделно во зависност од конкретните факти и околности на тој случај. Забелешките од натамошниот текст се однесуваат на примената на методот на поделба на трансакциска добивка во ситуации каде што, со оглед на дадените факти и околности, а особено со оглед на дадената анализа на споредливоста (како и функционалната анализа) на трансакцијата и со оглед на достапните информации во врска со неконтролираните трансакции, се заклучува дека тој метод е најсоодветен за примена. 1. Во натамошниот текст се содржани неколку илустрации за ефектот од изборот на одредено мерење на добивката со цел да се утврди комбинираната добивка што треба да се подели при примената на методот на поделба на трансакциска добивка. 2. Да претпоставиме дека претпријатието А и претпријатието Б се две поврзани претпријатија кои се наоѓаат во две различни даночни јурисдикции. Двете претпријатија произведуваат исти механички направи и прават трошоци како резултат од што се создава одредено нематеријално средство што тие заемно можат да го користат. За потребите на овој пример, се претпоставува дека природата на ова ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ