OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 382

380 – АНЕКС II КОН ПОГЛАВЈЕ II: ИЛУСТРИРАЊЕ НА ПРИМЕНАТА НА МЕТОДОТ ЗА ПОДЕЛБА НА РЕЗИДУАЛНА ДОБИВКА в) Распределба на резидуалната добивка 6. Првичната распределба на добивка (1,5 за претпријатието A и 2,0 за претпријатието Б) претставува надомест за претпријатијата А и Б за превземените производствени функции, но не ја признава вредноста на нивните соодветни активности на истражување и развој од што, како резултат, настанал одреден технолошки напреден производ. Со тоа, резидуалната добивка може да се подели меѓу претпријатијата А и Б врз основа на нивното учество во вкупните трошоци за истражување и развој бидејќи, за потребите на овој пример2, може со сигурност да се претпостави дека соодветните трошоци на претпријатијата за истражување и развој прецизно ги одразуваат нивните соодветни придонеси кон вредноста на технолошката иновативност на производот. Трошоците на претпријатието А за истражување и развој изнесуваат 15, а на претпријатието Б изнесуваат 10, со што комбинираните трошоци за истражување и развој изнесуваат 25. Резидуалната добивка изнесува 6.5, што може да се подели во сооднос 15/25 за претпријатието A и 10/25 за претпријатието Б, а како резултат од тоа се добива учество од 3,9 односно 2,6, како што следува: Учество на претпријатието А: 6,5 x 15/25= 3,9 Учество на претпријатието Б: 6,5 x 10/25= 2,6. г) Повторна пресметка на добивката 7. Со тоа, нето-добивката на претпријатието А би изнесувала 1,5 + 3,9 = 5,4. Нето-добивката на претпријатието Б би изнесувала 2,0 + 2,6 = 4,6. Ревидираниот биланс на успехот за потребите на оданочување би се прикажал на следниов начин: Претпријатие А Приход од продажба Минус: Набавки Трошоци за производство Бруто-добивка Минус: Трошоци за истражување и развој Оперативни трошоци Нето-добивка 2 Претпријатие Б 55,4 (10) (15) 30,4 15 10 100 (55,4) (20) 24,6 (25) 5,4 10 10 (20) 4,6 Меѓутоа, да се погледне параграф 6.27 од „Насоките“. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ