OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 38

36 – ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ на групата и врз тоа дали условите меѓу нив се разликуваат од условите што би се оствариле во рамките на споредливите неконтролирани трансакции. Ваквата анализа на контролираните и неконтролираните трансакции, која се нарекува „анализа на споредливоста“, претставува суштина на примената на принципот „дофат на рака“. Повеќе насоки во врска со анализата на споредливоста можат да се најдат во Делот Г од натамошниот текст и во Поглавје III. 1.7 Важно е прашањето на споредливоста да се има предвид за да се нагласи потребата од постоење пристап кој е балансиран во смисла на неговата сигурност, од една страна и товарот што го создава за даночните обврзници и за даночните администрации од друга страна. Ставот 1 од член 9 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД ја претставува основата на анализите на споредливоста бидејќи ја воведува потребата од: • споредба меѓу условите (вклучувајќи ги и цените, но не само нив), утврдени или наметнати меѓу поврзаните претпријатија, и условите што би биле утврдени меѓу независни претпријатија, а со цел да се утврди дали во согласност со член 9 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД дозволено е приспособување на сметките за потребите на пресметување на даночните обврски на поврзаните претпријатија (да се погледне став 2 од Коментарот кон член 9); и • утврдување на добивката што би се остварила „дофат на рака“, со цел да се утврди обемот на секое приспособување на сметките. 1.8 Постојат неколку причини поради кои земјите-членки на ОЕЦД и другите земји го имаат усвоено принципот „дофат на рака“. Главната причина е фактот дека принципот „дофат на рака“ нуди широка еднаквост во даночниот третман за членките на ГМНП и за независните претпријатија. Бидејќи принципот „дофат на рака“ги поставува поврзаните и независните претпријатија на порамноправна основа за потребите на оданочувањето, се избегнува создавањето на даночни поволности или неповолности што инаку би ги нарушиле релативните конкурентски позиции на двата вида претпријатија. Отстранувајќи ги даночните причини од економските одлуки, принципот „дофат на рака“ го промовира растот на меѓународната трговија и инвестициите. 1.9 Принципот „дофат на рака“ ефикасно функционира во голем број случаи. На пример, постојат бројни случаи каде што станува збор за набавка и продажба на стоки и позајмување на пари, каде што може лесно да се најде цена во согласност со принципот „дофат на рака“ во споредлива трансакција извршена од страна на споредливи независни претпријатија во споредливи околности. Постојат и бројни случаи каде што може да се изврши релевантна споредба меѓу трансакциите на ниво на финансиски ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ