OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 379

АНЕКС II КОН ПОГЛАВЈЕ II: ИЛУСТРИРАЊЕ НА ПРИМЕНАТА НА МЕТОДОТ ЗА ПОДЕЛБА НА РЕЗИДУАЛНА ДОБИВКА – 377 Анекс II кон Поглавје II Пример за илустрирање на примената на методот за поделба на резидуална добивка Да се погледне Поглавје II, Дел III, Оддел C од овие „Насоки“ за општи насоки во врска со примената на методот на поделба на добивката. Целта на приспособувањата и на претпоставките во врска со аранжманите по принципот „дофат на рака“ во текстот што следува е да послужат само како илустрација; истите не треба да се сфаќаат како нешта со кои се пропишуваат приспособувања и аранжмани „дофат на рака“ во фактички случаи или во конкретни гранки. Иако настојувањето кај овие принципи е да се демонстрираат принципите од Одделите од „Насоките“ на кои се однесуваат, тие во секој случај одделно мора да се применуваат зависно од конкретните факти и околности. 1. Успешноста на еден производ од областа на електрониката е поврзан со иновативниот технолошки дизајн, како на неговите електронски процеси така и на неговиот најважен елемент. Тој елемент го дизајнира и произведува поврзаното претпријатие А, се пренесува до поврзаното претпријатие Б кое го дизајнира и го произведува остатокот од производот, и се дистрибуира од страна на поврзаното претпријатие В. Постојат информации со кои, преку примена на методот на трговски цени, може да се провери дека дистрибутивните функции и ризици на претпријатието В добиваат соодветна награда преку трансферната цена на готовиот производ од претпријатието Б до претпријатието В. 2. Најсоодветен метод за утврдување на цената на елементот што се пренесува од претпријатието А до претпријатието Б, е методот на споредливи неконтролирани цени, под услов да може да се најде доволно слична споредлива вредност. Да се погледне параграф 2.14 од „Насоките“. Меѓутоа, бидејќи елементот што се пренесува од претпријатието А до претпријатието Б ја одразува иновативната технолошка предност што на овој пазар ја ужива претпријатието А, во овој пример се покажува ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ