OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 376

374 – АНЕКС I КОН ПОГЛАВЈЕ II: ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ПОКАЗАТЕЛИТЕ ЗА БРУТО И НЕТО-ДОБИВКА 3. Според Илустрација 2, доколку контролирана трансакција се изврши како во случајот 1, додека трети страни во улога на „споредливи претпријатија“ дејствуваат како во случајот 2, а под претпоставка дека разликата во однос на нивото на ризици не е утврдена поради недоволно деталните информации во врска со „споредливи претпријатија“ како трети страни, ризикот од грешка при примена на методот на бруто-маржа би можел да изнесува 60 (6% x 1000) место 10 (1% x 1000) доколку дојде до примена на метод на нето-маржа. Ова го илустрира фактот дека, зависно од околностите на случајот, а особено зависно од ефектот од разликите кај нивото на ризици врз трошочната структура и врз приходите на „споредливите претпријатија“, маржите на нето-добивка можат да бидат помалку чувствителни одошто бруто-маржите во однос на разликите во нивото на ризици (со претпоставена договорна алокација на ризици во согласност со принципот „дофат на рака“). 4. Оттука, можно е претпријатијата кои вршат различни ф FB