OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 375

АНЕКС I КОН ПОГЛАВЈЕ II: ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ПОКАЗАТЕЛИТЕ ЗА БРУТО И НЕТО-ДОБИВКА – 373 и врз приходите на „споредливите претпријатија“, маржите на нетодобивка можат да бидат помалку чувствителни одошто бруто-маржите во однос на разликите во однос на степенот и комплексноста на функциите. Илустрација 2: Ефект од разликата кај нивото на ризик што го презема дистрибутерот Примерот што следува е наменет само за илустрација. Негова цел не е да понуди упатствата во врска со изборот на методот за примена на трансферните цени или во врска со споредливите вредности односно претпријатија, со ефикасноста на дистрибутерите, или со стапките на поврат „дофат на рака“, туку само да ги илустрира ефектите од разликите меѓу нивото на ризик што го презема дистрибутерот и што го преземаат претпријатија што се негови споредливи претпријатија. Случај 1 Дистрибутерот не го презема ризикот поврзан со застареност на производите бидејќи остварува корист од клаузулата за „повратен откуп“ според која производителот повратно ги откупува сите непродадени ставки од залихите. Случај 2 Дистрибутерот го презема ризикот поврзан со застареност на производите. Не остварува корист од клаузулата за „повратен откуп“ во својата договорна релација со производителот. Остварена продажба на производот (Заради илустрација, да претпоставиме дека обата дистрибутера вршат продажба на ист обем од ист производ, на ист пазар и по иста цена) 1000 1000 Набавна цена од производителот, имајќи го предвид ризикот поврзан со застареност на производите во согласност со функционалната анализа 700 640 (*) 300 (30%) 360 (36%) 0 50 250 250 50 (5%) 60 (6%) Бруто-маржа Загуба врз основа на застарени залихи Други трошоци (општи/режиски трошоци) Маржа на нето-добивка (*) Во овој случај, претпоставуваме дека разликата од 60 во делот на трансакциската цена кореспондира со разликата кај алокацијата меѓу производителот и дистрибутерот, на ризикот поврзан со застареност на производите (дополнителната загуба се проценува на 50, плус надомест за ризикот на дистрибутерот), односно дека станува збор за цената за договорната клаузула за „повратен откуп“. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ