OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 374

372 – АНЕКС I КОН ПОГЛАВЈЕ II: ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ПОКАЗАТЕЛИТЕ ЗА БРУТО И НЕТО-ДОБИВКА Илустрација 1: Ефектот од разликата во однос на степенот и комплексноста на маркетиншката функција што ја врши дистрибутерот Примерот од текстот што следува е наменет само за илустрација. Негова цел не е да понуди упатства во врска со изборот на метод за примена на трансферните цени или со изборот на споредливи претпријатија односно вредности, со ефикасноста на дистрибутерите или со стапките на поврат во согласност со принципот „дофат на рака“, туку само да ги илустрира ефектите од разликите меѓу степенот односно обемот и комплексноста на маркетиншката функција на дистрибутерот и на споредливи претпријатија. Случај 1 Случај 2 Дистрибутерот Дистрибутерот врши ограничена врши позначајна маркетиншка функција маркетиншка функција Остварена продажба на производот (Заради илустрација, да претпоставиме дека обата дистрибутера вршат продажба на ист обем од ист производ, на ист пазар и по иста цена) 1000 1000 Набавна цена од производителот, имајќи ја предвид значајноста на маркетиншката функција според функционалната анализа 600 480(*) 400 (40%) 520 (52%) Трошоци за маркетинг 50 150 Други трошоци (општи/режиски трошоци) 300 300 50 (5%) 70 (7%) Бруто-маржа Маржа на нето-добивка (*) Да претпоставиме дека, во овој случај, разликата од 120 во трансакциската цена кореспондира со разликата во однос на степенот и комплексноста на маркетиншката функција што ја врши дистрибутерот (дополнителен трошок од 100, плус надомест за функцијата на дистрибутерот) 2. Според Илустрацијата 1, ако даночниот обврзник работи со поврзан производител како во случајот 2, додека „споредливите претпријатија“ како трети страни работат како во случајот 1, а под претпоставка дека разликата во однос на степенот и комплексноста на маркетиншката функција не се идентификува поради, на пример, недоволно деталните информации за „споредливи претпријатија“ како трети страни, тогаш ризикот од грешка при примената на одреден метод на бруто-маржа би изнесувал 120 (12% x 1000), додека истиот би изнесувал 20 (2% x 1000) кога би се применувал одреден метод на нето-маржа. Ова го илустрира фактот дека, зависно од околностите на случајот, а особено зависно од ефектот од функционалните разлики врз трошочната структура ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ Ц BWBwB`((0