OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 370

368 – АНЕКС: МОНИТОРИНГ НА ПРИМЕНАТА В. Вклученост на деловната заедница 17. ОЕЦД нема намера да интервенира при решавањето спорови во делот на трансферните цени што настануваат меѓу одреден даночен обврзник и даночна администрација. Намената на процесот на мониторинг не е да претставува одредена форма на арбитража, така што даночните обврзници нема да бидат во можност до Работната група да доставуваат поединечни случаи за решавање. Во согласност со предвиденото во „Насоките“ и со Препораката од Советот, деловната заедница ќе се поттикнува да ги идентификува проблематичните значајни прашања (по можност, илустрирани со практични, но хипотетички примери) што од своја страна покренуваат прашања во врска со доследната примена на „Насоките“ во меѓународни рамки. 18. Советодавниот комитет на деловната индустрија (СКДИ) ќе биде поканет пред Работната група да презентира практични потешкотии при мониторингот на примената на „Насоките“; Работната група ќе ја разгледа соодветноста на упатствата содржани во „Насоките“ во однос на овие области, при што ќе се почитува доверливоста на информациите. 19. Преку свој придонес кон улогата на ОЕЦД во делот на мониторингот на спроведувањето на „Насоките“, деловната заедница ќе се поттикнува особено да ги има предвид упатствата од параграф 17 од овој анекс. Со тоа, деловната заедница ќе треба да се фокусира врз оние значајни прашања од кои се создаваат теоретски или практични потешкотии, а не врз специфични и нерешени случаи од областа на трансферните цени. Сепак, можно е да биде полезно конкретно значајно прашање да се илустрира низ хипотетички пример. При конструирањето еден таков пример, кој може да се надоврзува на особеностите земени од неколку конкретни случаи, треба да се внимава самиот пример да остане хипотетичен и да не наликува на некој актуелен случај, при што опишаните особености треба да се ограничени на конкретните проблематични значајни прашања со цел да се избегне впечатокот дека се поставува каков било општ преседан за решавање на одреден поединечен случај. В.1 Меѓусебни анализи 20. Се смета дека една од предностите на процесот на спроведување на меѓусебни анализи, е фактот што самата анализа ја вршат исклучиво меѓусебно слични претпријатија, што во овој случај се другите земјичленки. На тој начин, самиот процес се спроведува на еден позитивен и конструктивен начин, така што да можат натаму да се споделуваат добрите практики, а несоодветните да се подобруваат. Општите насоки до деловната заедница ја поттикнуваат да ги идентификува проблематичните ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ