OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 37

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 35 односи како со трети страни така и со поврзани претпријатија. На пример, можно е локалните директори да се заинтересирани за тоа да бележат добри профитни резултати и поради тоа да не сакаат да утврдуваат цени со кои би се намалила добивката на нивните друштва. Даночните администрации треба да ги имаат предвид овие аспекти за да овозможат ефикасната распределба на своите ресурси, при изборот и при спроведувањето контроли на трансферните цени. Понекогаш може да изгледа дека односот меѓу поврзаните претпријатија може да влијае врз исходот од деловното договарање. Затоа, постоењето само на докази за интензивни деловни разговори не е доволно да се утврди дека трансакциите се извршени во согласност со принципот „дофат на рака“. Б. Поставеност на принципот „дофат на рака“ Б.1 Член 9 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД 1.6 Авторитативната поставеност на принципот „дофат на рака“ се наоѓа во став 1 од член 9 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД, што ја сочинува основата на билатералните спогодби за оданочување меѓу земјите-членки на ОЕЦД и сè поголемиот број земји кои не се членки на ОЕЦД. Членот 9 предвидува: Онаму каде што се утврдуваат или се наметнуваат услови меѓу две [поврзани] претпријатија во нивните комерцијални или финансиски односи, што се разликуваат од условите што би се утврдиле меѓу независни претпријатија, секоја добивка што би ја остварило едното од претпријатијата кога не би постоеле тие услови или поради тие услови не настанала, може да биде вклучена во добивката на тоа претпријатие и соодветно оданочена. Со настојувањето за усогласување на добивката за даночни цели врз основа на условите што би настанале меѓу независни претпријатија во споредливи трансакции и во споредливи околности (т.е. во „споредливи неконтролирани трансакции“), принципот „дофат на рака“ го следи пристапот со кој членките на ГМНП се трет