OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 369

АНЕКС: МОНИТОРИНГ НА ПРИМЕНАТА – 367 13. На средбите на Работната група бр. 6, одделни земји ќе ја преземат одговорноста за водење дискусии околу типични примери на комплексни случаи и околу проблематичните области што можат да се илустрираат низ практични примери. 14. Резултати што Работната група ги предвидува од идентифи­ кувањето и од анализата на типични примери на комплексни случаи, може да претставува и изготвувањето примери низ кои се илустрира примената на „Насоките“ во оние случаи (идентификувани за дискусија) каде што можат да се применат принципите кои веќе се идентификувани во рамките на „Насоките“. Еден од резултатите би можело да биде и идентификувањето области во кои „Насоките“ би можеле да се дополнат со цел да се понудат појасни упатства или утврдувањето делови од текстот на „Насоките“ каде ќе може да се внесе нов материјал. Б.3 Ажурирање на законодавствата и на практиката 15. Секретаријатот од земјите-членки ќе бара да му доставуваат извештаи во врска со развојот на нивното домашно законодавство односно регулативите и административни практики во делот на трансферните цени, во согласност со поканата од Советот. Б.4 Изготвување примери 16. Претходно спомнатите постапки за мониторинг ќе се одвиваат паралелно со изготвувањето на дополнителни хипотетички примери со кои што ќе се дополни текстот на „Насоките“. Наведените примери немаат за цел да развиваат нови принципи или да опфатат нови значајни прашања, туку да помогнат при толкувањето на оние принципи и при решавањето на комплексни прашања, за кои веќе станува збор во текстот на „Насоките“. Со цел примерите да имаат практична вредност и за да се избегне истите да бидат премногу детални, самите примери ќе бидат куси, базирани врз наведени факти и релативно директни, така што би се избегнало нивната примена да биде тесна и ограничена. Примерите ќе спаѓаат во две општи категории. Првата категорија примери ќе се состои од илустрации за примената на методите и на пристапите опишани во „Насоките“. Втората категорија примери ќе биде осмислена така што би се помогнало при изборот на соодветен метод или на соодветни методи за примена на трансферните цени. Иако примерите ќе бидат хипотетички, ќе се надоврзуваат на практичните искуства на даночните администрации и на даночните обврзници од примената на принципот „дофат на рака“ во согласност со „Насоките,“ а ќе придонесуваат и кон воспоставувањето добри практики. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ