OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 368

366 – АНЕКС: МОНИТОРИНГ НА ПРИМЕНАТА најголеми потешкотии при примената на „Насоките“. Конечната одлука за спроведување на која било од трите спомнати вида меѓусебна анализа ќе ја носи Работна група во полн состав, при што предвид ќе се има севкупното значење на која било анализа за работата што Работната група ја врши при мониторингот на примената на овие „Насоки,“ и дали на располагање има доволно ресурси за спроведување на предложената анализа. Важно е која било анализа, откако еднаш ќе почне нејзиното спроведување, да се изврши во согласност со високи стандарди така што да можат да се извлечат валидни заклучоци. Б.2 Идентификување и анализирање на типични примери на комплексни случаи 10. Еден од клучните аспекти при мониторингот ќе биде да се идентификуваат, а потоа и да се анализираат, типични комплексни проблеми и проблематични области што можат да се илустрираат низ практични примери и што претставуваат пречка за доследната примена во меѓународни рамки на методите на трансферни цени утврдени во „Насоките“. Со мониторингот ќе бидат опфатени и области за кои се чини дека „Насоките“ не даваат упатства или пак тие се неадекватни за даночните органи или даночните обврзници. Сите земји-членки активно ќе бидат вклучени во овој процес при што ќе бидат потребни ресурси со цел да се гарантира успешност на самиот процес. Во процесот на мониторинг ќе биде вклучена и деловната заедница (да се погледне Дел В од овој анекс). 11. Првото значајно прашање е постапката што треба да се приме­ нува и одговорноста што треба да се определи за идентификување типични примери на комплексни случаи, при што фокусот ќе биде поставен врз оние значајни прашања и ситуации каде што „Насоките“ не можат да понудат упатства или пак тие се неадекватни, или каде што земјите-членки ги толкуваат „Насоките“ на различен начин и со тоа ја попречуваат доследната примена на „Насоките“ во меѓународни рамки. Земји F BԷFB