OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 365

АНЕКС: МОНИТОРИНГ НА ПРИМЕНАТА – 363 Анекс кон ОЕЦД Насоките за трансферни цени Насоки за процедурите за мониторинг на примената на „ОЕЦД Насоки за примена на трансферни цени“ и на вклученоста на деловната заедница A. Контекст 1. Во јули 1995 година, Советот на ОЕЦД ги одобри за објавување Насоките за трансферни цени за мултинационални претпријатија и даночни администрации („Насоките“), што му беа доставени од страна на Комитетот за фискални прашања („Комитетот“). Истовремено, Советот на ОЕЦД ја прифати препораката од Комитетот „Насоките“ периодично да се разгледуваат и да се ажурираат по потреба, врз основа на искуствата од земјите-членки и на деловната заедница при примената на принципите и на методите утврдени во „Насоките“. За таа цел, како и со цел да се олеснат тековните појаснувања и подобрувања, Советот на ОЕЦД му издаде инструкција на Комитетот во определен временски период да врши мониторинг на меѓународните искуства во делот на примената на трансферните цени. Мониторингот се смета за составен дел од спогодбата што беше постигната во јули 1995 година, додека успешното извршување на оваа улога е една од особеностите кои се од најголемо значење за доследна примена на „Насоките“. Во својата Препорака, Советот „му наложува на Комитетот да врши мониторинг на реализацијата на Извештајот од 1995 година, во соработка со даночните органи на земјите-членки и со учество на деловната заедница, како и да му издаде препорака на Советот, доколку тоа биде потребно, да спроведе измени и дополнувања на Извештајот од 1995 година, во согласност со резултатите од мониторингот“. 2. Накратко, основната цел на мониторингот е да се истражи во колкав степен законодавствата на земјите-членки односно регулативите и ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ