OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 361

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 359 одржувањето и реализацијата на маркетиншката стратегија во светски рамки. Вработените во претпријатието Z го поседуваат потребниот авторитет и фактички ги вршат функциите на контрола во однос на ризиците поврзани со стратегиското осмислување односно развој на називите на брендови. Услугите што ги врши остатокот од седиштето на претпријатието А во земјата А се централни услуги (на пример, услуги на управување со човечки ресурси, правни услуги и даночни услуги), како и помошни маркетиншки функции што внимателно се следат од страна на персоналот на претпријатието Z. Главната причина поради која групата влегува во ова преструктурирање е да оствари корист од поволниот даночен режим во земјата Z, во споредба со даночниот режим во земјата A. 9.194 Промените во моделот на факти во споредба со Примерот (Б) се во поткрепа на заклучокот дека економската суштина на аранжманот не се разликува од неговата форма и дека независни претпријатија во споредливи околности, кои дејствуваат на начин што комерцијално е рационален, овој аранжман би го карактеризирале или би го структурирале исто како што тоа го сториле поврзаните претпријатија. Во тој контекст, даночната администрација треба да настојува во оваа ситуација да оствари резултат „дофат на рака“, со тоа што ќе ја определи цената „дофат на рака“ за самото преструктурирање и за активностите на страните по извршеното преструктурира FkB԰