OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 36

34 – ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ обврска што ја презеле страните за плаќање одредена цена или без оглед на каква било намера од страните да го сведат данокот на минимум. Со тоа, даночното усогласување во согласност со принципот „дофат на рака“ не би ги засегнало основните договорни обврски за неданочни потреби меѓу поврзаните претпријатија и може да биде соодветно и онаму каде што не постои намера износот на данокот да се сведе на минимум или да се избегне негово плаќање. Анализата на трансферните цени не треба да се поистоветува со анализа на проблемите во делот на даночните измами или на избегнувањето плаќање на даноците, иако е можно политиките за трансферни цени да се користат за овие намени. 1.3 Кога трансферните цени не ги одразуваат пазарните сили и принципот „дофат на рака“, можно е да дојде до дисторзија на даночните обврски на поврзаните претпријатија и на даночните приходи на земјитедомаќини. Од тие причини, земјите-членки на ОЕЦД се имаат договорено дека добивката на поврзаните претпријатија може да се усогласи по потреба за даночни цели, со цел да се исправат сите вакви дисторзии и со тоа да се обезбеди исполнување на принципот „дофат на рака“. Земјитечленки на ОЕЦД сметаат дека соодветно усогласување се постигнува низ утврдување на условите на комерцијалните и финансиските односи што тие очекуваат да ги најдат меѓу независните претпријатија во рамките на споредливи трансакции во споредливи околности. 1.4 Постојат и други фактори кои не се поврзани со оданочувањето, а кои можат да ги на