OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 359

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 357 услуги за поврзаните претпријатија на групата (на пример, управување со човечки ресурси, правни прашања, кадровски прашања). Производите ги произведуваат поврзани претпријатија врз основа на аранжмани за договорно производство склучени со претпријатието А. Производите ги дистрибуираат поврзани претпријатија кои истите ги откупуваат од претпријатието А. Добивката што ја остварува претпријатието А, откако ќе го распредели надоместот „дофат на рака“ до договорните производители и дистрибутери, се смета дека претставува надомест за нематеријалниот имот, за маркетиншките активности и за централните услуги на претпријатието А. 9.191 Потоа, се спроведува преструктурирање. Претпријатието А врши пренос на брендовите до новоформираното поврзано претпријатие, претпри­јатието Z во земјата Z, во замена за исплата на збирен еднократен износ. По преструктурирањето, на претпријатието A му се исплаќа надомест врз основа на продажна цена зголемена со вообичаена заработка за услугите што тоа ги врши за претпријатието Z и за другиот дел од групата. Надоместот за поврзаните договорни производители и дистрибутери останува ист. Вишокот на добивка по плаќањето на надоместот до договорните производители и дистрибутери и за услугите од седиштето на претпријатието А се исплаќа до претпријатието Z. Од анализата на споредливоста можат да се извлечат следниве заклучоци: • Неконтролираните споредливи трансакции не даваат веродостојни податоци за пренос на сопственост врз брендови и за придружните ризици меѓу независни претпријатија, на ист начин како и во рамките на контролираната трансакција меѓу претпријатието А и претпријатието Z; • Со претпријатието Z управува локално претпријатието за управување со средства. Во претпријатието нема лица (вработени или директори) кои се овластени фактички да ги вршат функциите на контрола во однос на ризиците поврзани со стратегискиот развој на нови брендови. Ова претпријатието, исто така, не поседува финансиски капацитет за да може да ги преземе овие ризици. • Високите службени лица од седиштето на претпријатието А еднаш годишно патуваат со авион во посета на претпријатието Z за формално да ги потврдат стратегиските одлуки што се неопходни за водење на претпријатието. Овие одлуки се изготвуваат во седиштето на претпријатието А во земјата А, пред одржување на средбите во земјата Z. МНП смета дека овие активности се услужни активности што седиштето на претпријатието А ги врши за претпријатието Z. Надоместот за овие активности на носење стратегиски одлуки се ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ