OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 358

356 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА трговски назив на претпријатието V, неговите вредни договори со добавувачите на претпријатието W и неговите малопродажни места на претпријатието X, сето тоа во замена за еднократна исплата. Како последица од преносот, претпријатието Z сега дејствува како комисионер за претпријатието W. Неговиот потенцијал за остварување добивка по преструктурирањето е драматично помал одошто потенцијалот што го имало пред преструктурирањето. Претставниците од ГМНП објаснуваат дека деловната причина за преструктурирањето е моделот на работење на претпријатието Z да се усогласи со моделот на работење на остатокот на ГМНП и дека оваа перспектива е еден од најважните фактори во зделката за купување односно аквизиција. Раководството на претпријатието Z немало друг избор, освен да го прифати преструктурирањето со оглед на фактот дека аквизицијата веќе била спроведена. Раководството укажува дека цената за преносот на трговскиот назив, на договорите и на малопродажните места на неговото претпријатие била определена во согласност со принципот „дофат на рака“ и дека цената на надоместувањето за неговите активности по извршеното преструктурирање, исто така, ќе се утврди во согласност со принципот „дофат на рака“. 9.189 Под претпоставка дека фактичкото постапување на страните е конзистентно со формата на преструктурирањето, економската суштина на аранжманот не се разликува од начинот на кој истиот се карактеризира и се структурира од страните. Се очекува дека утврдувањето на цените во согласност со принципот „дофат на рака“ за самото преструктурирање и за активностите по преструктурирањето, ќе резултира со исход во согласност со принципот „дофат на рака“ за страните, во кој случај ќе се признаат трансакциите на самото преструктурирање. Г.2 Пример (Б): Пренос на вредно нематеријално средство во празно претпријатие 9.190 МНП врши производство и дистрибуција на производи чија вредност не се утврдува според нивните технички особености, туку според називот и изложеноста на брендот. МНП сака да се диференцира од своите конкуренти така што ќе развива називи на брендови со голема вредност, низ спроведување внимателно разработена и скапа маркетиншка стратегија. Називите на брендови се во сопственост на претпријатието А во земјата А. Осмислувањето, одржувањето и спроведувањето маркетиншка стратегија во светски рамки се главните вредносни двигатели на МНП, а ги вршат 125 вработени во седиштето на претпријатието А. Резултат од вредноста на називите на брендови е високата малопродажна цена за производите. Седиштето на претпријатието А, исто така, нуди централни ОЕЦД НАСОКИ З