OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 356

354 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА рационално да се преструктурира со цел да оствари даночни заштеди. Меѓутоа, ова не е релевантно при донесување на заклучокот дали принципот „дофат на рака“ е исполнет на ниво на претпријатие за даночниот обврзник кој е засегнат од преструктурирањето (да се погледне параграф 9.178). В.6 Последици од непризнавањето според параграф 1.64 до 1.69 9.183 Според првата околност од параграф 1.65, кога економската суштина на една трансакција се разликува од нејзината форма, даночната администрација може да го отфрли карактеризирањето на таа трансакција што го прават страните и истата повторно да ја карактеризира врз основа на нејзината суштина. 9.184 Во однос на втората околност, параграф 1.65 содржи пример за непризнавање на одредена извршена продажба и забелешка дека, иако може да е соодветно да се почитува трансакцијата како пренос на комерцијален имот, сепак, за даночната администрација ќе биде соодветно да ги спореди условите од тој пренос како целина (а не едноставно со користење на утврдените цени како репер) со условите што реално би се очекувале кога трансферот на имот би бил предмет на трансакција чии учесници се независни претпријатија. Во таков случај, даночната администрација наст B