OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 354

352 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА ова поглавје), како и комерцијалните околности што произлегуваат од учеството во конкретна ГМНП (да се погледне параграф 1.11). 9.177 Кога се оценува комерцијалната рационалност на едно преструктурирање, може да се постави прашањето дали една трансакција треба да се анализира одвоено или истата треба да се анализира во еден поширок контекст, имајќи ги предвид другите трансакции кои, економски гледано, се меѓусебно поврзани. Обично е соодветно да се анализира комерцијалната рационалност на едно преструктурирање како целина. На пример, кога се анализира продажбата на одреден нематеријален имот која претставува дел од одредено пошироко преструктурирање кое вклучува менување на аранжманите во врска со развивањето и користењето на нематеријален имот, комерцијалната рационалност на продажбата на тој нематеријален имот не треба да се анализира одвоено од овие промени. Од друга страна, кога преструктурирањето вклучува промени кај повеќе од еден елемент или аспект на деловниот субјект кои, економски гледано, не се меѓусебно поврзани, можно е комерцијалната рационалност на одредени конкретни промени да мора посебно да се анализира. На пример, во едно преструктурирање може да станува збор за централизирање на функцијата за набавка на една група и за централизирање на сопственоста врз вреден нематеријален имот што не се наоѓа во поврзаност со набавната функција. Во таков случај, комерцијалната рационалност на централизирањето на набавната функција и комерцијалната рационалност на централизирањето на сопственоста врз вредниот нематеријален имот, можеби ќе треба да се оценуваат одвоено една од друга. 9.178 ГМНП може да има и деловни причини на ниво на целата група поради кои сака да се преструктурира. Меѓутоа, треба повторно да се нагласи фактот дека принципот „дофат на рака“ ги третира членките на ГМНП како посебни односно меѓусебно одвоени претпријатија, а не како неразделни делови од само еден обединет бизнис (да се погледне параграф 1.6). Поради ова, од гледна точка на примена на трансферните цени, не е доволно аранжманот за преструктурирање да има комерцијална оправданост за групата како целина; аранжманот мора да биде во согласност со принципот „дофат на рака“ за секој даночен обврзник одделно, имајќи ги предвид неговите права и други средства, очекуваните поволности од аранжманот (на пример, анализа на аранжманот по извршеното преструктурирање заедно со сите плаќања по основ на компензација за самото преструктурирање), како и за него реално достапните опции. 9.179 Кога едно преструктурирање е комерцијално рационално за ГМНП како целина, се очекува дека соодветната трансферна цена (односно ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ