OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 351

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 349 случаи. Ова укажува дека непризнавањето одредена трансакција не претставува норма, туку исклучок кон општиот принцип според кој анализата на одредена контролирана трансакција од страна на даночната администрација, најчесто треба да се темели врз онаа трансакција што фактички била извршена од страна на поврзаните претпријатија како што била структурирана од нивна страна.13 Зборот „исклучителни“ во овој контекст според значењето е сличен на „ретки“ односно „невообичаени“. Тој ја одразува констатацијата дека, во повеќето случаи, се очекува дека во согласност со член 9 принципот „дофат на рака“ може да се исполни така што ќе се утврдат цените „дофат на рака“ за одреден аранжман онака како што тој аранжман фактички е реализиран и структуриран. 9.169 Во согласност со содржаното во параграф 1.64 до 1.69, даночната администрација во исклучителни околности може да не го признае карактеризирањето или структурирањето што го прават страните на една трансакција или аранжман доколку, врз основа на сите факти и околности, заклучи дека: • економската суштина на трансакцијата или на аранжманот се разликува од нејзината форма (Дел В.2); или