OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 35

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 33 Поглавје I Принципот „дофат на рака“ A. Вовед 1.1 Во ова Поглавје е содржана основна дискусија во врска со принципот „дофат на рака“, меѓународниот стандард за примена на правилата во врска со трансферните цени за кој земјите-членки на ОЕЦД се договориле да се применува за даночни цели од страна на ГМНП и даночните администрации. Во Поглавјето се обработува принципот „дофат на рака“, се реафирмира неговиот статус како меѓународен стандард и се поставуваат насоки за негова примена. 1.2 Кога независните претпријатија влегуваат во меѓусебни трансакции, усло­ ите на нивните комерцијални и финансиски односи в (на пример, цената на пренесениот имот или на обезбедените услуги и условите за преносот или за давањето) обично се определуваат во согласност со пазарните услови. Кога поврзани претпријатија вршат трансакции едни со други, можно е нивните комерцијални и финансиски односи да не се директно засегнати на ист начин од надворешните пазарни сили, иако поврзаните претпријатија честопати настојуваат во своите меѓусебни трансакции да ја копираат динамиката на пазарните сили, како што станува збор во параграф 1.5 од натамошниот текст. Даночните администрации не треба автоматски да претпоставуваат дека поврзаните претпријатија настојувале да манипулираат со својата добивка. Можно е навистина да постои тешкотија прецизно да се определи пазарната цена во отсуство на пазарни сили или при усвојување конкретна комерцијална стратегија. Битно е да се има на ум дека потребата да се извршат усогласувања за приближување кон трансакциите во согласност со принципот „дофат на рака“ настанува без оглед на каква било договорна ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ