OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 343

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 341 на групата формирана од страна на претпријатието во земјата А и на неговото поврзано претпријатие во земјата Б, им овозможува да остварат значителни локациски заштеди. Се поставува прашањето дали локациските заштеди треба да му се припишат на претпријатието во земјата А или до неговото поврзано претпријатие во земјата Б, или до обете (и, доколку е така, со какви учества односно пропорции). 9.151 Во еден таков пример, со оглед на фактот дека релоцираната дејност е мошне конкурентна дејност, претпријатието А веројатно реално ја има на располагање опцијата да го користи поврзаното претпријатие од земјата Б или од некоја трета страна во својство на производител. Поради тоа, треба да е можно да се најдат податоци за споредливи претпријатија, со цел да се утврдат условите според кои одредена трета страна би била подготвена, „дофат на рака“ да произведува облека за претпријатието. Во ваква ситуација, до договорниот производител „дофат на рака“ обично се припишува многу мал дел (ако воопшто и се припишува некој дел) од заштедата што се остварува врз основа на локација. Постапувањето на поинаков начин би го довело поврзаниот производител во ситуација што се разликува од ситуацијата на независниот производител, а тоа би било спротивно на принципот „дофат на рака“. 9.152 Како друг пример, да претпоставиме дека одредено претпријатие во земјата X нуди високоспецијализирани услуги на инженеринг до независни купувачи. Претпријатието е многу познато поради својот стандард на висок квалитет. На своите независни купувачи, им наплатува надомест врз основа на фиксен надомест по час, споредлив со надоместот по час што го наплатуваат неговите конкуренти за слични услуги, на тој ист пазар. Да претпоставиме дека платите за квалификува