OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 340

338 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА согласност со принципот „дофат на рака“ за преструктурирањето и за трансакциите по извршеното преструктурирање. Г. Споредба на ситуацијата пред и по преструктурирањето 9.142 Едно од релевантните прашања е улогата (доколку таква има) на споредбите што можат да се извршат во однос на добивката што фактички ја остварува одредена страна во контролираната трансакција, пред и по преструктуиањето. Конкретно, може да се постави прашањето дали би било соодветно добивката на преструктурираното претпријатие по извршеното преструктурирање да се оцени врз основа на неговата добивка пред преструктурирањето, коригирана така што да се одрази преносот или одрекување од одредени конкретни функции, средства и ризици.11 9.143 Еден многу важен аспект во однос на ваквите споредби на ситуацијата „пред“ и „потоа“ е фактот дека споредбата на добивката остварена од контролирани трансакции по извршеното преструктурирање и добивката остварена во рамките на контролирани трансакции пред преструктурирањето не е доволна зашто член 9 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД предвидува основа според која, споредбата треба да се врши со неконтролирани трансакции. Споредбите меѓу контролираните трансакции на даночниот обврзник и другите контролирани трансакции се ирелевантни за примена на принципот „дофат на рака“ и затоа даночната администрација не треба да ги користи како основа за приспособување од аспект на трансферните цени, а даночниот обврзник не треба да ги користи за да ја поткрепи својата политика на трансферни цени. 9.144 Друг проблем кој настанува при споредби на ситуацијата пред и по преструктурирањето е веројатноста да настане потешкотија со утврдувањето на вредноста на збирот од функции, средства и ризици што ги загубило преструктурираното претпријатие, имајќи го предвид фактот дека не секогаш се случува овие функции, средства и ризици да се пренесат до некоја друга страна. 9.145 Во таа смисла, кај деловните преструктурирања, споредбите на состојбите во работењето пред и по извршеното преструктурирање можат да имаат одредена улога во разбирањето на самото преструктурирање и истите можат да бидат дел од анализата на споредливоста (вклучувајќи ја и функционалната анализа) на состојбата пред и по извршеното 11 Ова прашање се разликува од прашањето во врска со потенцијалот за остварување добивка, за што станува збор во Дел II од ова поглавје. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ