OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 338

336 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА извршеното преструктурирање, но кои не се наоѓаат кај предложените споредливи претпријатија. Да се погледне Дел А во врска со можните разлики меѓу преструктурираните дејности и ситуациите поврзани со нови претпријатија. 9.138 Идентификувањето можни споредливи податоци мора да се изврши со цел да се изнајдат најверодостојни податоци за споредливи трансакции односно претпријатија во дадените околности, имајќи ги и натаму на ум ограничувањата што е можно да постојат кај достапноста на информациите и кај конкретните трошоци за исполнување на законските барања (да се погледне параграф 3.2 и 3.80). Податоците не се секогаш совршени. Има и такви случаи каде што не можат да се најдат податоци за споредливи трансакции односно претпријатија. Ова не мора да значи дека конкретната контролирана трансакција не е во согласност со принципот „дофат на рака“. Во такви случаи, можеби ќе мора да се утврди дали условите на контролираната трансакција би биле договорени доколку страните би вршеле меѓусебни трансакции „дофат на рака“. Без оглед на тешкотиите што можат да настанат во процесот на барање споредливи трансакции односно претпријатија, неопходно е да се најде реално решение за сите случаи каде што станува збор за примена на трансферни цени. Според насоките од параграф 2.2, дури и во оние случаи каде што има недоволно и несовршени податоци во врска со споредливи трансакции односно претпријатија, изборот на најсоодветниот метод за утврдување и примена на трансферните цени зависно од конкретните околности, треба да се наоѓа во доследност со природата на контролираната трансакција, што конкретно се утврдува низ функционална анализа. В. Поврзаност меѓу надоместот што се исплатува за преструктурирањето и надоместот што се исплатува за трансакции реализирани по спроведеното преструктурирање 9.139 Во одредени околности, можно е да постои