OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 337

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 335 цени би била ситуацијата каде што се купува претпријатие што порано вршело независни трансакции со ГМНП, а по купувањето следува преструктурирање на сега веќе контролираните трансакции. Врз основа на анализата на петте фактори на споредливост и на можниот ефект од фактот дека контролираните и неконтролираните трансакции се одвиваат во различни моменти, може да се случи условите на неконтролираните трансакции пред извршеното купување да понудат неконтролирана споредлива цена за контролираните трансакции по извршеното купување. Дури и кога се преструктурираат условите на трансакциите, а зависно од фактите и од околностите на конкретниот случај, можно е и натаму да е изводливо да се изврши приспособување како одраз на преносот на функции, средства и/или на ризици до што дошло при самото преструктурирање. На пример, приспособување заради остварување споредливост може да се изврши за да се одрази разликата во тоа која конкретно страна го носи ризикот поврзан со ненаплатливи побарувања. 9.136 Друг пример на можна примена на методот на СНЦ, е случајот каде што неповрзани претпријатија вршат активности на производство, продажба или на опслужување кои се споредливи со таквите активности што ги врши преструктурираното поврзано претпријатие. Со оглед на сè поголемата присутност на активности на надворешно ангажирање (outsourcing) во последно време, во некои случаи е можно да се најдат независни трансакции на надворешно ангажирање што сочинуваат ос B