OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 336

334 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА Б. Примена кај ситуации на деловно преструктурирање: избор и примена на метод за утврдување трансферни цени за контролирани трансакции кои настануваат по преструктурирањето 9.133 Изборот и примената на методот за утврдување трансферни цени за контролирани трансакции, мора да се вршат врз основа на анализата на споредливоста на трансакцијата. Од суштествена важност е да се разбере кои функции, средства и ризици се дел од трансакциите по извршеното преструктурирање и која страна ги врши, ги користи или ги презема. За ова е неопходно да постојат достапни информации во врска со функциите, средствата и со ризиците на обете страни во една трансакција односно преструктурираното претпријатие и странското поврзано претпријатие со кое тоа влегува во трансакција. Анализата не тр