OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 335

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 333 низок степен на ризик да не поседува таков имот, постои можност, според принципот „дофат на рака“, за овој нематеријален имот да се исплати надомест при преструктурирањето доколку истиот се пренесува од страна на „целосниот дистрибутер“ до странско поврзано претпријатие или да се земе предвид при утврдувањето надомест според принципот „дофат на рака“ при активностите по извршеното преструктурирање, доколку таков пренос не се случил.9 9.131 Кога дел од преструктурирањето е пренос до странското поврзано претпријатие, на ризици што претходно ги преземал даночниот обврзник, важно е да се анализира дали преносот на ризици се однесува само на идните ризици што ќе настанат од активностите по извршеното преструктурирање или се однесува и на ризиците што постојат во моментот на преструктурирањето како резултат од активностите пред конверзијата, односно се поставува прашањето на моментот кога ризикот преминува од едно до друго претпријатие. На пример, да претпоставиме дека еден дистрибутер сносел ризик од ненаплатливи побарувања што повеќе нема да го сноси откако ќе се преструктурира како дистрибутер со ограничен степен на ризик и дека овој дистрибутер се споредува со веќе одамна активен дистрибутер со ограничен степен на ризик кој никогаш не сносел ризик од ненаплатливи побарувања. При споредбата меѓу овие две ситуации, може да биде важно да се анализира дали дистрибутерот со ограничен степен на ризик, кој настанува како резултат од конверзијата, и натаму ги носи ризиците поврзани со ненаплатливите побарувања што настанале пред преструктурирањето во моментот кога бил целосен или дали дошло до пренос на сите ризици поврзани со ненаплатливите побарувања, вклучувајќи ги и ризиците што постоеле во моментот кога се извршила самата конверзија. 9.132 Истите забелешки и прашања важат и за другите видови преструкту­ ирања, вклучувајќи ги и другите видови преструктурирања р на активностите на вршење продажба, како и преструктурирањата на активностите на вршење производство, активностите на вршење истражување и развој или други услужни активности. 9 Да се погледне параграф 9.80 до 9.92 за дискусија околу примената на принципот „дофат на рака“ при преноси на нематеријален имот. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ