OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 334

332 – ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА други слични неповолни услови, иако можеби таков пробен период или таквите услови се вообичаени за новите дистрибутери. 9.128 Кога постојат континуирани деловни односи меѓу страните пред и по преструктурирањето, можно е да постои и поврзаност меѓу, од една страна, условите на активностите пред преструктурирањето и/или самото преструктурирање и, од друга страна, условите за аранжманите по извршеното преструктурирање, како што станува збор во Делот В од натамошниот текст. 9.129 Дел од разликите во почетната позиција на преструктурираното претпријатие во споредба со позицијата на новопоставеното работење, може да се однесуваат на веќе воспоставеното присуство на самото работење. На пример, ако се спореди ситуација во која одамна етаблиран целосен дистрибутер се конвертира во дистрибутер со ограничено ниво на ризик со ситуација во која се основа еден дистрибутер со ограничен ризик на пазар каде што групата претходно немала никакво комерцијално присуство, можеби новото претпријатие ќе мора да спроведе активности за пробив на тој пазар што нема да мора да ги спроведе претпријатие кое е конвертирано. Ова е можно да влијае врз анализата на споредливоста и врз утврдувањето на надоместот според принципот „дофат на рака“ во обете ситуации. 9.130 Кога се споредува ситуација во која одамна етаблиран целосен дистрибутер се конвертира во дистрибутер со ограничено ниво на ризик со ситуација во која дистрибутер со ограничено ниво на ризик веќе извесно време работи на пазарот, исто така е можно да постојат разлики бидејќи целосниот дистрибутер, пред својата конверзија, можеби вршел некои функции, сносел извесни трошоци (на пример, маркетиншки трошоци), преземал некои ризици и придонесувал кон развојот на одреден нематеријален имот, а што дистрибутерот со ограничено ниво на ризик кој веќе одамна постои и работи можеби не ги вршел, носел, преземал или кон кои придонесувал. Се поставува прашањето дали, според принципот „дофат на рака“, овие дополнителни функции, средства и ризици треба да влијаат само врз надоместувањето за дистрибутерот пред истиот да се конвертира, дали треба да се земат предвид при утврдувањето на надоместот за преносите што се случуваат при конверзијата (и, доколку треба, на кој начин), дали треба да влијаат врз надоместувањето за преструктурираниот дистрибутер со ограничен ризик (и, доколку треба, на кој начин), или сите овие три можности треба да се комбинираат. На пример, доколку се заклучи дека активностите на преструктурирање довеле до тоа целосниот дистрибутер да поседува извесен не B