OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 333

ПОГЛАВЈЕ IX: ДЕЛОВНИ ПРЕСТРУКТУРИРАЊА – 331 кој треба да се толкуваат и да се применуваат упатствата од овие Насоки, меѓутоа, можат да влијаат врз анализата на споредливоста и со тоа, и врз резултатот од оваа примена. Да се погледне Дел Г во врска со споредбата меѓу ситуацијата пред и по преструктурирањето. A.2 Можни фактички разлики меѓу ситуациите што настануваат како резултат од преструктурирањето и ситуациите што биле структурирани како такви од самиот почеток 9.127 Кога некој аранжман меѓу поврзани претпријатија заменува веќе постоечки аранжман (преструктурирање), можат да се јават фактички разлики кај почетната позиција на преструктурираното претпријатие во споредба со позицијата на штотуку поставената дејност. Вакви разлики можат да настанат како резултат од, на пример, фактот дека аранжманот по извршеното преструктурирање е предмет на преговори меѓу страните кои и претходно одржувале договорни и комерцијални релации. Во една таква ситуација, а зависно од фактите и од околностите на конкретниот случај, а особено од правата и од обврските што страните ги изведуваат од овие претходни аранжмани, ова може да влијае врз опциите што реално им се достапни на страните кога преговараат околу условите на новиот аранжман и, со тоа, врз условите на аранжманите во текот на преструктурирањето и/или по него.8 На пример, да претпоставиме дека една страна во минатото докажала дека е способна одлично да работи како целосен дистрибутер кој врши цел спектар функции на маркетинг и на продажба, кој ангажира и развива вреден маркетиншки нематеријален имот и кој презема еден цел опсег ризици поврзани со неговата дејност како на пример ризици поврзани со залихите, ризици од ненаплатливи побарувања и пазарни ризици. Да претпоставиме дека договорот на оваа страна за вршење дистрибуција станува предмет на повторни преговор